Атина Тошиќ за првпат е фотографирана по исчезнувањето од социјалните мрежи: Сè уште на никој не му е јасно зошто се повлече
Атина, од некоја причина, веќе некое време не споделува ништо на своите профили на социјалните мрежи...
Атина Тошиќ се појави во јавноста, на роденденот на својата другарка и ѕвездичка на Пинк, Дарија Врачевиќ, првпат откако се повлече од сите социјални мрежи.
Со оглед на тоа што е убедливо најследеното девојче на својата генерација, кога станува збор за децата на познатите, на никој не му е јасно зошто Атина ги избриша сите свои објави.
Некои од нив, конкретно на ТикТок, имаа и преку милион прегледи!
Веројатно поради тоа што на повеќе не можат да ја видат на социјалните мрежи, оние кои ја следат воодушевено го коментираа нејзиното појавување на роденденот на Дарија.
Атина за оваа пригода се појави совршено облечена, согласно своите години. На себе носеше патики, црни фармиерки и бело-зелен џемпер.