Австрија е на црвената листа, коронавирусот дивее во училиштата

Австрија е на црвената листа, коронавирусот дивее во училиштата

Објавена во: Совети // Семејство

згледа дека Авsтрија има огромен проблем во моментов со коронавирусот. 

Од почетокот на пандемијата па до денес бележи 37,474 случаи, починале 765, а излечени се 28,961. Но сега проблем се училиштата.

Евидентирани се вкупно 455 случаи на инфекција со коронавирус во училиштата по првите две недели од новата учебна година.

Според податоците на Министерството за образование, од тој број 372 се ученици, 58 наставници, 25 вработени во администрација.

Исто така, имало околу 3.600 случаи на сомневање за инфекција со коронавирус.

Најголем број на потврдени инфекции во училиштата има во Виена, каде има 198 ученици, 15 наставници и 17 административни службеници позитивни на корона.

Откако Швајцарија и Белгија ја ставија Виена на црвената листа, сега и Германија го стори истото.

Австрија кон крајот на минатата недела објави дека воведува построги мерки.

Ова се построги мерки за маски, социјално дистанцирање и јавни собири, најави австрискиот канцелар Себастијан Курц.

Маските за лице повторно се задолжителни во продавниците и училиштата, како што беше случајот на пролет. Маски мора да се носат и во јавниот превоз.

Професионално организирани настани каде што седат посетителите може да се организираат до 1500 лица во затворено и до 3000 лица на отворено.

Собирите се ограничени на 50 лица во затворени простории и 100 на отворено.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: