Авторот на најголемиот хит на ТикТок доаѓа Нов Зеланд: Има 17 години и не знаел дека станал толку популарен
За време на првите месеци од изолацијата поради пандемијата, малку работи беа катарзични и забавни како на пример предизвикот „Culture Dance“, кој се појави на ТикТок и кој беше придружуван од звукот „Laxed (Siren Beat) од авторот Jawsh 685.
Кореографијата која стана тесно поврзана со песната, по стандардите на ТикТок е елементарна - пропратен семафор со радост со мало движење на колковите.
Во илјадниците видеа, луѓето танцуваа, но и ја прикажуваа облеката од својот регион - Корејци, Нигеријци, Украинци, Французи, Бразилци и многу други. Тоа наликуваше на церемонијата од отворањето на Олимписките игри, само ограничена на 10 секунди. Дигиталниот вкус на глобалната хармонија.
И додека неговата песна стана освечувачки звук, Jawsh 685 - вистинско име Џошуа Нанаи - беше во Манурева, во делот Јужен Окланд, главниот град на Нов Зеланд. Тој го завршуваше средното училиште, далеку од својот дом.
„Еден од моите другари го слушна тоа и ми рече „Прилично сум сигурен дека ова е твој бит““ - раскажа Џошуа во интервјуто направено преку „Зум“ минатото лето. Тој носеше маичка со реклама од својот тим, Loud & Stylah, со стилизирано име на староанглиски фонт.
Тој ја објави својата песна на Јутјуб, но - без негово знаење - некој друг ја едитирал „Laxed“ и од неа направи заразно парче. ТикТок се запали на ова. Не помина долго време за Џејсон Деруло да ја сними својата верзија, со текст. Официјалната верзија на песната, сега е позната како „Savege Love (Laxed - Siren Beat)“ стана глобален хит и се најде на првото место на топ листите во Нов Зеланд, Австралија, Канада, Велика Британија и на многу други места.
„Laxed“ во исто време во исто време е и модерно и традиционално парче - ритамот и мелодијата претставуваат почит кон полинезиската музика, но и кон класичното реге. („Laxed“ е кратенка од „Relaxed“ што значи опуштено) Но, текстурата е специфична за овој момент - секоја нота звучи како да е всмукана во некој скршен вртлог, а потоа да е плукната назад.
„Laxed“ го означи и големото доаѓање на жанрот „siren jams“ на светската сцена - сцена на која продуцентите се натпреваруваат кој ќе направи најприкладна песна која гласно ќе се пушта од сирените закачени на автомобилите и велосипедите. Тоа е младешки феномен кој започна во Пацификот, заедницата на островјаните на Пацификот во Нов Зеланд и околните делови.
„Мојот „siren jams“ е некако најпопуларен сега“ - рече Џошуа, кој сѐ уште не верува во она што се случува. А, „Savage Love“ стана можеби најголем глобален хит кој доаѓа од музичар од Пацификот,по оној хит на OMC од 1995 година - „How Bizarre“.
К - поп идолите БТС се појавуваат на ремиксот на „Savage Love“. Џошуа го објави и својот втор сингл „Sweet & Sour“, на кој пејат Lauv & Tyga, музичари кои - исто како Деруло - никогаш не ги запознал.
Неговиот успех му помогна на семејството, кое успеа да најде поголем дом. Таму Џошуа продолжи да снима песни за своето деби. Тој исто така би сакал да го прошири репертоарот, поточно да не прави музика само за сирени, туку и малку трап.
Малку е чудно што Џошуа дури неодамна на својот велосипед стави сирена. Сега тој се вози наоколу и чека можност да почне со авион да патува околу светот, иако неговата музика веќе пристигна таму.
Извор: nedeljnik.rs