Ажурирањето на апликацијата SmartThings на сериите часовници Galaxy Watch5 и Watch4 нуди попаметна контрола на домот

Ажурирањето на апликацијата SmartThings на сериите часовници Galaxy Watch5 и Watch4 нуди попаметна контрола на домот

Објавена во: После „Школо“ // PR

Корисниците сега можат да уживаат поголема контрола над својот паметен дом со најновото ажурирање на апликацијата SmartThings на Galaxy Watch

Корисниците на Samsung Galaxy Watch часовниците[1]можат да уживаат во полесна и „поудобна“ контрола на поврзаните уреди директно од нивниот зглоб со најновото ажурирање на апликацијата SmartThings. Сега тие не мора да ја отвораат апликацијата - тие едноставно можат да лизгаат десно на екранот на часовникот за да пристапат до апликацијата SmartThings. Со овие нови функции, корисниците на сериите Galaxy Watch5 и Watch4 ќе можат да го користат нивниот Galaxy Watch за инстантна заштита на домот и следење од каде било.

Ажурирани функции на апликацијата SmartThings за Galaxy Watch (v1.1.08):

·Пренесување во живо на домашни камери со фунцкиите RingandNest кои за прв пат го поддржуваат протоколот WebRTC. Корисниците може директно да разговараат со гостите кои го посетуваат нивниот дом преку нивниот Galaxy Watch.

·Директна контрола на уредите на Samsung како што се: SmartTag, прочистувачи на воздух, термостати и ролетни на Galaxy Watch, што претходно беше достапно само преку паметен телефон.

·Меѓу новите функции се:

-SmartTag: почеток/стоп на ѕвонење и контрола на јачината на ѕвонењето

-прочистувачи на воздух: прилагодување на брзината на вентилаторот

-термостати: прилагодување на температурата и контрола на поставената температура за греење/ладење,

-ролетни: три стандардни команди (отвори, затвори, стоп), прилагодување на нивото на ролетните

·Далечински управувач на вашиот поврзан ТВ уред преку Galaxy Watch. Со новата контролна функција од уред до уред (D2D), која беспрекорно го спојува Galaxy Watch со Samsung Smart TV[2].


[1] Достапно на Galaxy Watch5, Watch5 Pro, Watch4 и Watch4 Classic.

[2] Достапно на најновите Samsung Smart TV кои поддржуваат BT HID. Потребно е уредите да се наоѓаат во опсегот на Bluetooth.

* ПР - објава


Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: