Баба (95) и нејзиниот внук се вистинска Интернет сензација со милиони следбеници: Семејството беше во шок поради видеата

Баба (95) и нејзиниот внук се вистинска Интернет сензација со милиони следбеници: Семејството беше во шок поради видеата

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Нивните видеа и интересни костими забавуваат милиони луѓе ширум светот...

Инфлуенсерот Рос Смит и неговата 95-годишна баба Паулина Кана се вистинска сензација на Интернет со своите забавни видеа и фотографии.

Јутјуб каналот на Рос има повеќе од 2,4 милиони следбеници, додека на Инстаграм ги следат уште 2,5 милиони луѓе.

Смит вели дека сето тоа е поради неговата баба, која луѓето ја обожуваат.

Рос отсекогаш сметал дека неговата баба е забавна и сакал со целиот свет да ја сподели нејзината посебност, па одлучил сите нивни забавни спомени, видеа и фотографии да ги споделува со другите.

Фотографиите на Рос и неговата баба навистина се посебни, а на многумина дури се облечени во истата облека, имаат исти костими или следат одредена тематика.

Рос вели дека нивните видеа се правени за публиката да се забавува, но и дека понекогаш се одраз на вистински ситуации.

Како што објаснува, на баба му на почетокот не ѝ било пријатно поради популарноста, а не ги поднесувала лесно ни снимањата и позирањата.

„Но, брзо се прилагоди и дека сето тоа добро го поднесува. Бонус е тоа што баба сака да комуницира со луѓето и да се забавува, а пропратно да ги развеселува и другите“ - открива Рос.

Кога Смит и неговата баба почнале да снимаат видеа, многу членови од нивното семејство биле шокирани.

Сега, како што вели тој, за нив тоа станало нешто нормално, па остатокот од семејството со нетрпение очекува да види што прават бабата и внукот.

Содржината која ја создаваат на прв поглед е едноставна, но всушност бара многу труд. Снимањето на видеа од три до пет минути траат цела недела, некогаш и две, а колку повеќе време е потребно, толку е поскап потфатот. Тој истакна дека во последните девет години во просек работи од 16 до 18 часа на ден.

Поголемиот број од нивните следбеници ги поддржуваат, а Смит верува дека успеале благодарение на поддршката од нивните обожаватели.


Иако „мозокот на операцијата“ е внукот, мора да се признае дека баба Паулина сепак привлекува најмногу внимание. Покрај тоа што е во 95-тата година, бабата на Смит има ведар и млад дух, незапирлива е и полна со сила, радост и енергија.

фото: Instagram/rosssmith

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: