Баба му е од Македонија, дедо му од Косово: Џан Јаман повторно на екраните, но овој пат непрепознатлив

Баба му е од Македонија, дедо му од Косово: Џан Јаман повторно на екраните, но овој пат непрепознатлив

Објавена во: Живот // Живот

Турскиот актер, Џан Јаман, потполно ги полуде жените ширум светот.

Како што кажува и самиот, популарноста му годи и е пресреќен што луѓето го сакаат, а воопшто не му пречи да одвои време за да се фотографира со своите обожавателки.

Го запознавме во турската серија „Полна месечена“, а по завршувањето на истата не помина долго и сега повторно го има на малите екрани. Во „Романтичарот“, повторно го игра главниот лик, односно ликот на романтичарот Џан, кој е наследник на голема компанија и кој се вљубува во својата асистентка, која ја глуми убавата Демет Оздемир.


Филмските критичари го оценија овој пар како совршен, сметајќи дкеа на екраните се уште не виделе толку силна хемија помеѓу двајца актери. Постојат шпекулации дека оваа актерска двојка за време на снимањето на серијата развил симпатии, но својата врска никогаш не ја обелодениле и потврдиле пред медиумите.

Џан во актерските води впловил случајно, слушајќи го пријателот кој му ја предвидел оваа вртоглава популарност. Инаку овој турски актер има завршено Правен факултет во Инстамбул, а влече корени од Косово и Македонија.


„Често мислат дека сум од Албанија, но вистина е дека мојот дедо е роден во Приштина, каде што и живеел.“ - открил Јаман во едно интервју, во кое откри и дека баба му е од Македонија.


„Семејството на моите родители емигрираше од Југославија. Баба ми од страна на татко ми е Македонка. Ние одамна живееме во Истанбул и нашето семејство е семејство на адвокати.“ - посочи згодниот актер.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: