Баба „заработи“ преку половина милион пријатели: Става фотки од пудлите и внуците
Бабата Таманеги од Јапонија стана ѕвезда на социјалните мрежи благодарение на неодоливите фотографии од нејзините големи пудлици и внуци. Бројот на нејзините следачи расте од ден на ден, таа во моментов има над 561 илјада следбеници.
На фотографиите кои освојуваат симпатии се прикажани нејзините три пудлици Куу, Рикјун и Гакун како играат и пијат чај со внуците Мамечан и Мугикун.
Таа, исто така, пишува блог за нивните авантури и постира видеа што ги објавува на нејзиниот канал на Јутуб, каде ја следат над 10.000 луѓе