Бабата на познатата јутјуберка стана сензанција на социјалните мрежи: Сѐ поради трикот за лице без брчки и младешки изглед

Бабата на познатата јутјуберка стана сензанција на социјалните мрежи: Сѐ поради трикот за лице без брчки и младешки изглед

Објавена во: Мода // Moj стил

Популарната јутјуберка Кенди Џонсон објави видео од својата 82-годишна баба која ја открива тајната на својот младешки изглед.

Познатата јутјуберка Кенди Џонсон ги воодушеви своите следбеници кога на Инстаграм објави видео од својата 82-годишна баба.

Имено, за нејзината баба многумина велат дека изгледа многу помладо, па обично велат дека е во доцните 50-ти или раните 60-ти, а таа одлучи да ги открие сите тајни на својот младешки изглед.

„Мојата баба Мили само што наполни 82 години и не можам да верува како изгледа толку младо! Во саботата бевме да го прославиме нејзиниот роденден и ја прашав кои се нејзините тајни за да изгледа толку младо и без брчки. Исто така, сакаше сите да знаат дека никогаш немала лифтинг на лицето или било што друго“ - напиша Кенди во описот на своето видео.

Внуката својата баба ја прашала како е можно да изгледа толку младо и да нема видливи брчки.

Нејзиниот прв совет било дека секојдневното внесување на витамините Ц и Е во организмот е потребно, бидејќи ти е се добри за нашите келии. Таа го прави тоа од своите рани 20-ти години, што значи дека сега ги пее веќе 60 години.

Друг совет, кој многумина го сметаат за безначаен, а никако не е, е доволно сон. Не се вели залудно дека сонот е добар за убавината, како и дека добриот сон е еднаков на половина здравје.

Сонот за убавината е многу реален и се однесува на тоа како нашата кожа и тело се лекуваат од напорниот ден. Кога ќе влеземе во длабок сон, нашето тело влегува во режим на опоравување и производува хормон за раст. Овие хормони создаваат нови ќелии кои помагаат за нашата кожа да се излекува од било какво оштетување во текот на денот.

Третиот совет од бабатa, кој ги насмеа сите до солзи, е да биде добри кон сите кои ги сакаме.

Освен тоа, бабата на познатата јутјуберка посакала Кенди да нагласи дека таа никогаш не правела лифтинг на лицето, бидејќи досега многумина ја прашувале дали ставала ботокс.

Ова видео за кратко време стана вирално, па бабата на Кенди стана една од омилените Интернет сензации.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: