Back to school: Имајте фенси ранец со мотиви од Хари Потер
Броиме ситно до почетокот на учебната година. Некои од вас истата ќе ја започнат со настава од далечина, но има и такви кои ќе се вратат во училишните клупи. А, може ли новата учебна година да започне без нов училишен ранец? Ретко кој би одговорил позитивно на ова прашање, зарем не?
Во морето училишни ранци кои ги има во најразлични облици, дезени, дизајни и така натаму, Fashion Group Македонија има одлична понуда за сите љубители на волшебникот Хари Потер. Имено, во нивната најнова колекција „WS Harry Potter“ има ранец, кој е идеален за на училниште, но истиот може да го искористите за некоја дневна прошетка во град или пак во природа.
Со само еден потек на сите ќе им покажете дека сте дел од „Тим Грифиндор“ и ќе имате ранец на кој сите ќе ви завидуваат. Истиот може да го купите за 2.199 денари, секако во продавниците на WOMEN'SECRET, но и онлјан, на веб страницата на Fashion Group Македонија.
Инаку, колекцијата „WS Harry Potter“ вклучува и пижами за сите возрасти, папучи, ноќници, наметки, но и несесер и секако сите тие се во духот на Хари Потер.