„Baddie“ пози за на Инстаграм: 4 во кои ќе излегдаш како да имаш многу самодоверба
Дури и ако ја немаш...
Фотографиите кои се објавуваат на социјалните мрежи секогаш може да не измамат. Па ако другите може да лажираат дека се слаби или дека имаат поинаков облик на лицето, зошто ти да не можеш да лажираш дека имаш многу самодоверба?
Да смислиш во која поза ќе се фотографираш некогаш може да биде потешко отколку што изгледа. Токму тогаш кога ти е потребна нова фотографија, ништо не ти доаѓа на ум. Последната година, дури и повеќе, на Инстаграм доминираат „baddie“ девојки, а една работа која дефинитивно треба да ја украдеш од нив се нивните пози. Овој тип на девојки секогаш изгледаат како да ја имаат целата самодоверба на светот и дека се чувствуваат удобно во своја кожа. Верувај, вистината сигурно не е таква. Без разлика дали и ти си овој тип на девојка или во тебе нема ни „b“ од „baddie“, сеедно можеш да ги позајмиш овие пози и да ги искористиш за твојата следна фотка.
# Клекната во секси издание
# Замисли дека сонцето ти оди во очи
# Поза „модел“