Бајага стана дедо: Го откри името на внуката и призна дека сега животот му е поопуштен

Бајага стана дедо: Го откри името на внуката и призна дека сега животот му е поопуштен

Објавена во: Живот // Живот

Рок-музичарот Момчило Бајагиќ Бајага (61) на крајот на минатата година станал дедо. Имено, сопругата на неговиот син Марко се породила на 27 декември и на свет го донела девојчето Сара.

„Така е, станав дедо“ – изјави Бајага за „Новости“ и додаде:

„Имам убава внука Сара и сега животот ми е порелаксиран. Далеку од тоа дека кријам дека станав дедо, едноставно избегнувам да зборувам за мојот приватен живот.“

Бајага ќе биде претставен како текстописец на претстојната „Беовизија“, на која ќе биде избран српскиот претставник за „Песна на Евровизија“, во две песни. Првата е „Две године и шес дана“ која ќе ја изведе групата „Бибер“, предводена од Растко Аксентијевиќ, а втората е „Само не реци да волиш“ со која ќе настапи Душан Свилар.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: