Бајковито катче, секој детаљ е посебен: Ѕирнете во собата на ќерката на Карлеуша во новата вила на Дедиње
Ќерката на поп ѕвездата Јелена Карлеуша и фудбалерот Душко Тошиќ, Атина Тошиќ, покажа како изгледа нејзината соба во семејната куќа на Дедиње.
Имено, Душко и Јелена во 2019 година купија вила со огромен двор и базен, за што платија околу 2 милиони евра, а ја купија од Драган Стојковиќ Пикси. Веќе некое време го уредуваат просторот за да биде сè по нивниот вкус кога ќе се вселат.
„Конечно е завршена. Опседната сум“ - напишала ќерката на Карлеуша на видеото од нејзината нова соба.
Сè е во нежни тонови, креветот, плакарот и полиците се во бело, додека завесите, постелнината, како и многу детали се во нежно розова боја. Катчето на Атина изгледа прекрасно, вистински простор за тинејџерка. На ѕидот над креветот има колаж од фотографии, кој исто така е во розова боја и совршено се вклопува со остатокот од собата.
@atinatosic When are you going to school?##fyp ##foryoupage ##viral ##hi ##spreadlovenohate
original sound - I love all slowmo ppl
@atinatosic @tarajestroviic @ummmil ##fyp ##foryoupage ##newroom ##aesthetic ##trio ##foryou ##xyzbca ##like ##actives? ##hi ##duet
Time of Our Lives - Pitbull & Ne-Yo