Бака Прасе е во Белград со новата девојка: Јутјуберот е уловен за време на ручен
Популарниот јутјубер неодамна ја извести јавнсота дека поради заканите морал да ја напушти Србија и да оди кај родителите во Холандија.
Бака Прасе, на кој вистинското име му е Богдан Илиќ, најпознатиот српски јутјубер беше обвинет за нападите на покојната Кристина Кика Ѓукиќ, за која се сомнева дека извршила самоубиство поради насилство на Интернет. Имено, Бака во една прилика, гостувајќи со Кика во еден стрим откри дека таа нема коса и со тоа ја понижи.
По нејзината смрт многумина удрија по Бака и потпишуваа и петиција за да му се укине Јутуб каналот. Тој, потоа, се огласи и изјави дека ја напуштил Србија.
Меѓутоа, сега е уловен во Србија во еден ресторан во престолнината со непозната девојка.
Бака Прасе пред неколку недели потврди дека раскинал со блогерката Ања Благојевиќ, па по ова може да се заклучи дека таа не е на ручек со неа. Која е новата бринета која го дружи познатиот јутјубер, останува да дознаеме.
фото: informer.rs