Бака Прасе призна дека раскинал со Ања: Амстердам беше проштално патување, немам повеќе сили

Бака Прасе призна дека раскинал со Ања: Амстердам беше проштално патување, немам повеќе сили

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Според неговите зборови, и понатаму се сакаат, но разделбата била најдобро решение...

Јутјуберот Богдан Илиќ попознат како Бака Прасе на социјалната мрежа Инстаграм потврди дека со Ања Благојевиќ ставиле крај на нивната љубовна врска.

Според неговите зборови, раскинале бидејќи нивниот однос последните денови не бил баш најдобар, наишле на препреки кои не можеле да ги надминат. Љубовта и понатаму постои, но и двајцата сметаат дека е најдобро да се разделат.

„Ања и јас раскинавме... Не е никаков пренк, само ете... Едноставно дојдовме до точка каде повеќе не се сложувавме најдобро и нашата врска наиде на ѕид. И понатаму се сакаме и на двајцата ни е многу тешко, но тоа е животот. Заминувањето во Амстердам ни беше проштално патување“ - напиша Бака Прасе, па додаде дека во следниот период ќе се повлече од социјалните мрежи, бидејќи нема сила да продолжи со работата:

„Ќе се повлечам од мрежите на некое време, додека не се присоберам, бидејќи сега не знам што сакам во животот. Мислев дека ќе можам веднаш да продолжам да снимам и да „доминирам“, како што кажав во вчерашното стори, но сега кога е фактот дека не сме повеќе заедно е сосема јасен, искрен, немам сила... Се надевам дека ќе ја разберете мојата потреба за мир, по таквиот крај на минатата и ваквиот почеток на оваа година. Ве сакам сите“.


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: