Бака Прасе ја покажа својата друга страна: Со овој гест ги воодушеви дури и луѓето кои вообичаено не го сакаат

Бака Прасе ја покажа својата друга страна: Со овој гест ги воодушеви дури и луѓето кои вообичаено не го сакаат

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

За него секогаш се зборува со негативен тон

Кога зборуваме за Бака Прасе, секогаш се работи за нешто шокантно, бизарно или негативно што тој го направил. Па, овој пат е поинаку! Бака Прасе има огромно срце, а сега тоа уште еднаш им го докажа на сите.

Со последниот гест Бака Прасе ја освои почитта и кај своите фанови и кај оние кои не се негови фанови и не го следат. Ова е неговата друга страна, чувствителната и полна со добрина. Тој покажа како им изградил нова куќа на едно момче и на неговото семејство чија куќа изгорела.


Станува збор за сиромашно семејство кое живеело главно без струја и морало да користи свеќи - а една од нив предизвикала пожар. Приказната стигнала до Бака Прасе и тој решил да им помогне - па им изградил нова куќа од темел и сето тоа го уредил. На почетокот на видеото тој покажа во какви услови живееле дотогаш и како тогаш изгледа новата куќа. Во коментарите луѓето се воодушевени од овој гест и го фалат Бака Прасе на секој начин.

Тој го искористи своето влијание и социјалните мрежи за да направи добро дело и можеби да инспирира некој друг да направи нешто убаво за некој друг - не секој може да изгради куќа, но може да помогне на некој друг начин. Видеото стана висок тренд за само еден ден, а Бака покажа дека е многу повеќе од шегобиец.


Извор: teen385.dnevnik.hr


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: