Бака Прасе ја снимаше девојката без шминка и филтри: Ова е реалноста - еве како навистина изгледа Ања
Богдан Илиќ попознат како Бака Прасе ја снимаше својата девојка Ања Благојевиќ од која некое време, поради нејзиниот одмор во Црна Гора, беше разделен.
Јутјуберот својата партнерка ја снимаше додека на креветот ги брои парите кои за два месеци ги заработила од Јутјуб.
Не обрнувајќи внимание на тоа девојка му не е средена и дека дури не ѝ ставил некој филтер, која таа константно ги практикува во своите објави, Богдан ги објави видеата на кои оваа бринета е во потполно природно издание.
Нивните обожаватели веднаш почнаа да ги споделуваат овие кадри. Некои ја бранеа Ања, а некои констатираа дека „претерува во обработувањето на фотографиите“.
„Убава и млада девојка, премногу се дотерува“, „Убаво е сите овие деца и девојки да може да видат дека никој не е совршен“, „Не им верувајте на финалните објави на Инстаграм, еве уште еден доказ“ - се само некои од коментарите.