Бака Прасе ја згрози јавноста: По новиот твит сите велат дека на неговата грубост нема крај
Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе напиша статус на социјалната мрежа Твитер, а јавноста е згрозена од неговите зборови.
Бака Прасе неодамна беше сослушан поради случајот со Кристина Кика Ѓукиќ, под сомнеж дека тој е одговорен за тоа младата јутјуберка си го одзеде животот на само 21 година. Да потсетиме, Богдан со години ја млатретираше преку Интернет, снимајќи видеа во кои отворено ја прозиваше и ја нарекуваше со погрдни имиња, а потоа сето тоа ескалираше кога сними песна посветена на неа.
Откако Кика се самоуби, беше започната петиција за на Илиќ да му се изгасне профилот на Јутјуб, поради неговата содржина која очигледно лошо влијае на младината. За потсетување, Кика неколку пати и јавно зборуваше за тоа, како и нејзините пријатели по нејзината смрт, дека Богдан неговите следбеници, воглавно малолетници, ги упатувал кон содржините на Кика и дека им велел да оставаат лоши коментари и да ја прозиваат.
Бидејќи тие слепо го слушале својот идол, Кристина сѐ повеќе ја трпела тортурата од малолетниците, кои дури и пишувале од лажни профили.
Богдан одлучи да се потсмева со сите родители и луѓе кои ја започнаа иницијативата да му се забрани ширењето на лошото влијание на младите, па на Твитер напиша статус, од кој многумина се вознемирија.
„Луѓе, што се случува со таа петиција? Јас сѐ уште не сум исклучен... Дали треба да го поттурнам тоа малку?“ - напиша Бака Прасе.
Во коментари може да се видат оние кои го поддржуваат лошиот контент на јутјуберот, но има и такви кои го осудија ова негово цинично и бесрамно потсмевање, па му посочија дека е многу груб.
фото: Принтскрин од Јутјуб