Бака Прасе мавташе со пиштол по улица: Облечен во црно плашеше луѓе и снимаше полицајци

Бака Прасе мавташе со пиштол по улица: Облечен во црно плашеше луѓе и снимаше полицајци

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Јутјуберот Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, судејќи според она што го прави, верува дека може да направи нешто што на повеќето луѓе не би ни помислиле, а да не зборуваме дека, во најмала рака, би се плашеле од казна.

Она што го направи сега може да се смета за општа опасност, иако се работи за пластично оружје, со оглед на тоа што никој на кого преку прозорецот му го покажал овој предмет не можел да знае дали се работи за вистински или лажен пиштол.

Исто така, многумина сигурно не би ни препознале дека се работи за Бака Прасе, па не би ни помислиле дека можеби станува збор за шега.

Она што ни падна во очи е моментот кога Богдан се опушти, со пиштол во рака, помина покрај полицајците кои го регулираа сообраќајот.

- Другар, каков криминалец сум јас, а?! Види, уште еден полицаец - вели Богдан во видеото.

- Застани, застани! Не заебавај! Мене најдовте да ми се правите мангупи - рече во продолжение.

Освен сето горенаведено, му било смешно додека возел по шините.


Поради ваквото однесување следеа бројни реакции на социјалните мрежи, а луѓето бараат од надлежните да реагираат.

„Дали некој ќе го уапси за предизвикување општа опасност, се заканува со смрт?“, „Бака Прасе снимил снимка како вози џип облечен во црно како ги плаши луѓето со пиштол. Нека е пластичен пиштол, нека е шега, но надлежните нека го фатат“, „Ова е надвор од секоја нормланост“, се само дел од реакциите.


Фото: Youtube

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: