Бака Прасе низ солзи се прости од обожавателите, а потоа се следуваше пресврт: Илиќ дефинитивно одлучи што ќе следува по гасењето на каналот на Јутјуб

Бака Прасе низ солзи се прости од обожавателите, а потоа се следуваше пресврт: Илиќ дефинитивно одлучи што ќе следува по гасењето на каналот на Јутјуб

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Јутуберот најави уште пожестоко продолжение на конфликтот со Жељко Митровиќ...

Бака Прасе вчеравчер им соопшти на своите обожаватели дека се откажува од понатамошно снимање за Јутјуб, по повеќегодишната јутјуберска кариера. Иако беше еден од водечките јутјубери кај нас, Богдан Илиќ раскажа дека наводно одлучил да се откаже од сѐ откако, пред неколку дена, му беше изгасен каналот, кој постоеше со години и кој имаше 2 милиони следбеници.

Во своето обраќање во видео кое го објави на својот друг, резервен канал, Богдан Илиќ им се обрати на следбениците низ солзи, зборувајќи со кнедла во грлото, а самото видео го наслови со „Се откажувам“.

Исто така, како причини за „гасењето“ го наведе и притисокот на медиумите и „војанта“ која веќе со недели ја води со Жељко Митровиќ.

„Тука имаше толку многу спомени... Се чувствувам како шест години да ѕидав куќа која се сруши преку ноќ. Немам повеќе сила. Знаете, тука е притисокот од медиумите, секојдневните посети во полиција, тоа не е лесно, под стрес сум... Од Јујтуб две години не заработувам, како што знаете, но снимав од љубов и бидејќи се надевав дека тоа ќе ме држи и ќе ме прави среќен“ - зборуваше Богдан, но сепак, на крајот од својата тажна приказна, соопшто дека само се шегувал и дека нема толку лесно да се откаже од својата јутјуберска кариера.

„Ма, нема да престанам да снимам! Ми го изгасија каналот и што да правам сега, да паднам во депресија? Добро, малку се изморив, многу ми е тешко поради каналот, тука се спомени од 6 години, но зошто би застанал сега? Дури сега ќе продолжам, сите виситини ќе ги објавам.

Наскоро ќе ви кажам сѐ, и еве зошто бев во полиција и што се случи. Беа коректни кон мене, но повикот беше без причина. Им објаснив дека супстанцата беше шеќер во прав. Дури и на нив им беше непријатно поради тоа што отидов“ - зборуваше Бака Прасе, а потоа се насочи кон Митровиќ и вети сериозно продолжение на нивниот конфликт.

„Во секој случај, ќе газиме јако, не ми е ни на ум да престанам да го уништувам“ - заклучи Илиќ, никогаш побесен поради гасењето на каналот.

Целото видео погледнете го во продолжение:


фото: Принтскрин / Јутјуб

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: