Бака Прасе објави видео од палењето на локалот: Сторителот ќе биде пронајден (ВИДЕО)
На видеото се гледа како непознатиот, маскиран сторител приоѓа и фрла молотов коктел кон локалот...
Јутјуберот Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе се најде во центарот на вниманието кога објави дека неговиот локал во Белград е запален.
Богдан сега екслузивно на својот Јутјуб канал објави видео од палењето на локалот. На видеото се гледа како непознат, маскиран човек приоѓа и фрла молотов коктел во локалот.
Baka Prase objavio snimke paljenja lokala pic.twitter.com/N5q5IUR0Go
— Kalabaster (@KalabasterJak) January 18, 2023
„Велат дека е некој искусен, во едната рака имал цигла. Дознав кој ми го запали локалот, не платив рекет на никој. Сѐ ќе дознаеме, сторителот ќе биде најден, не знам кој го направил тоа, дали е конкуренцијата во прашање. Сѐ изгоре, секако не е сеедно“ - вели Бака во видеото.
фото: Принтскрин / Јутјуб