Бака Прасе обвинет за педофилија: Не знаев дека се малолетни
Јутјуберот Бака Прасе, чие вистинско име е Богдан Илиќ призна дека испраќал експлицитни содржини на две малолетнички, но и дека имал сексуални односи со една од нив во својот стан.
Дел од јавноста реагираше по овој повод, обвинувајќи го за педофилија.
Бака Прасе сними видео во кое призна дека навистина бил со една од нив во својот стан, но дека не знаел дека се 2004 и 2006 година, туку мислел дека еднат аод нив била полнолетна.
Тој помеѓу остантото го објасни својот дел од приказната и наведе дека девојките кои биле со него таа вечер биле во станот „сакале да имаат сексуални односи со него, бидејќи е популарен“ и дека лажеле во врска со неговите години.
Се бранеше велејќи дека е „машко“ и дека е „логично да биде со девојка доколку таа тоа го сака“ - додавајќи дека секој маж би го направил истото на негово место.
Но, наместо да си ја признае грешката и да продолжи да работи на себе и да се извини, Илиќ продолжил да го шири проблемот. Тој во видеото јавно признава дека испраќал пораки, дека „скриншотовите“ кои се појавиле се вистински и дека девојката која ги споделила, како што вели, „пред се е една грда, глупава наркоманка која треба да си ги среди веѓите“.
Со овој став, Илиќ го направил она што многумина на негово место го прават - ја обвинил оштетената страна дека таа е виновна, а изгледа дека такво е и расположението на Интернет: додека едни го обвинуваат, други го бранат и велат дека девојките се виновни.
Тој во видеото исто така најави тужба поради објавувањето на „скриншотовите“.