Благодарност до УНИБанка за поддршката на македонското скијање

Благодарност до УНИБанка за поддршката на македонското скијање

Објавена во: После „Школо“ // PR

Скијачка федерација на Македонија со голема благодарност и почит ја истакнува УНИБанка АД Скопје како свој стратешки партнер, чија поддршка е од исклучително значење за развојот на скијачкиот спорт во нашата земја. Продолжувањето на ова партнерство претставува не само финансиска поддршка, туку и вистински пример за општествено одговорно делување кое остава траен белег врз спортската сцена во Македонија. Нивната поддршка создава оптимални услови за нашите спортисти, овозможувајќи им пристап до подобра инфраструктура, опрема, тренинг-кампови и подготовки, како и учество на меѓународни натпревари каде што ја претставуваат државата. Ова партнерство не само што придонесува кон индивидуалните успеси на скијачите, туку и кон афирмација на македонското скијање на светската сцена, каде што нашите натпреварувачи сѐ повеќе се истакнуваат со своите резултати.

„Благодарение на партнерството со УНИБанка, македонското скијање добива поддршка која е фундаментална за нашиот спортски раст и за успехот на нашите натпреварувачи. Ова спонзорство е уште една потврда дека заедно можеме да ги унапредуваме зимските спортови во Македонија и да создадеме нови шампиони. Искрено ја цениме посветеноста и довербата што УНИБанка ја покажува кон македонското скијање.“ – додаде Дејан Пановски, претседател на Скијачка федерација на Македонија.

Договорот за спонзорство,беше свечено потпишан помеѓу Скијачка федерација на Македонија и УНИБанка, како продолжување на досегашната соработка и заедничката визија за развој на зимските спортови.

Во знак на искрена благодарност за континуираната поддршка и значајниот придонес кон македонското скијање, Скијачка федерација на Македонија ѝ додели посебна благодарница на УНИБанка за време на неодамна одржаниот Шарпланински куп. Ова признание е симбол на успешната соработка и посветеноста на УНИБанка кон спортот и младите таленти, кои преку ова партнерство добиваат подобри услови за напредок и претставување.

УНИБанка АД Скопје докажа дека верува во македонскиот спорт и во потенцијалот на нашите скијачи. Овој ангажман е јасен показател за посветеноста кон спортската заедница и придонесот кон создавање на услови за долгорочен развој и просперитет во зимските спортови.

#MkdSki – Заедно до нови, поголеми успеси!

#СкијачкаФедерацијаНаМакедонија #UNIBski

ПР објава

Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: