Samsungја претставува Bespoke AI Jet Lite – лесна, но моќнаstick правосмукалка

Samsungја претставува Bespoke AI Jet Lite – лесна, но моќнаstick правосмукалка

Објавена во: После „Школо“ // PR

Новата правосмукалка е опремена со AI Cleaning Mode 2.0 и нуди подобрено и поефикасно чистење со моќ на вшмукување до 280W

Samsung Electronics објави дека ја лансира Bespoke AI Jet Lite, полесен и покомплетен модел на правосмукалка, која ја гради успешната основа на претходникот во својата линија на безжични stick правосмукалки.

„Во Samsung постојано бараме решенија кои се одлични за секојдневно чистење,“ изјави Џеонг Сеунг Мун (Jeong Seung Moon), извршен потпретседател и раководител на тимот за истражување и развој на одделот за дигитални апарати во Samsung Electronics. „За да ги задоволиме се поразновидните потреби за чистење во модерните домови, овааstick правосмукалка е дизајнирана да нуди моќно вшмукување и напредни AI функции во полесна форма.“

Помала тежина, моќно вшмукување

Новата Bespoke AI Jet Lite е дизајнирана да биде полесна, со тежина од само 1.45 кг во рачен режим – што е намалување од 23% во споредба со претходниот модел[1]. Благодарение на својот лесен дизајн, корисниците лесно можат да чистат тешко достапни места како што се врвовите на орманите, ролетните, таваните и ѕидовите. Дури и со приклучокот за четка, уредот останува под тежина од 3 кг, обезбедувајќи лесно маневрирање за севкупно чистење низ целиот дом.

И покрај намалената тежина[2], производот е опремен со HexaJet мотор кој ротира со брзина до 140.000 обрти во минута, создавајќи моќно вшмукување до 280W[3]. Импресивната моќ на вшмукување ѝ дозволува на правосмукалката да постигнува извонредни резултати кога се користи самостојно за чистење, но може да се користи и во комбинација со робот правосмукалка за навистина сеопфатно искуство при чистењето.

Дополнително, надградената AI функционалност ја подобрува удобноста при искуствата со чистење. Врз основа на Samsung AI Optimum Tech, AI Cleaning Mode 2.0[4] може да класифицира повеќе средини за чистење[5], како што се типови на теписи со долги или кратки влакна — како и ќошиња[6] — преку детектирање на оптоварувањето на четката и притисокот на воздухот на вшмукување. Потоа, автоматски ги прилагодува поставките, како што е моќта на вшмукување, за да обезбеди исти перформанси како во Mid режимот, додека истовремено го намалува користењето на батеријата за 14% и го зголемува маневрирањето за 8%.[7]

Напредни хигиенски функции

Bespoke AI Jet Lite гарантира чиста и свежа домашна средина со своите напредни хигиенски функции. Тие вклучуваат HEPA филтрациски систем, кој е подобрен со четири-слоен филтер за ситна прашина и оптимизирано запечатување на машината за ефективно вшмукување дури и на најситните честички прашина[8]. Ова им овозможува на корисниците да дишат почист воздух додека смукаат, намалувајќи ја нивната изложеност на прашина во воздухот[9]. Покрај тоа, нејзиниот резервоар за прашина и деловите на мулти-циклонскиот систем целосно се мијат, така што корисниците лесно можат да го одржуваат чистењето, обезбедувајќи хигиенско и свежо[10] искуство.

За дополнителна удобност, All-in-one Clean станицата обезбедува беспрекорен и хигиенски начин за празнење на резервоарот за прашина додека правосмукалкатаавтоматски се полни. Благодарение на својот мулти-слоен филтрациски систем, кој задржува 99.999%[11]од честичките прашина, станицата ефикасно[12]го празни резервоарот без да ослободува прашина.

Нов додаток во широка понуда на правосмукалки на Samsung

Bespoke AI Jet Lite е дел од разноликата понуда на правосмукалки на Samsung за оваа година, која ја вклучува и Bespoke AI Jet Ultra, најмоќната безжичнаstickправосмукалка[13] на светот, како и најновата правосмукалка и робот џогер, Bespoke AI Jet Bot Steam Ultra.

Овие нови производи го одразуваат ангажманот на Samsung за обезбедување персонализирани искуства при чистење кои одговараат на широк спектар на преференции на потрошувачите. Потрошувачите кои бараат моќна безжична stick правосмукалка со AI функционалности можат да го изберат моделот со максимална моќ, Bespoke AI Jet Ultra, кој нуди до 400W[14]моќ на вшмукување. Тие кои преферираат полесен модел можат да се одлучат за Bespoke AI Jet Lite, кој нуди до 280W моќ на вшмукување.

Покрај серијата Bespoke AI Jet, Samsung нуди целосна понуда која вклучува модели како што се Jet 95, 85 и други. Секоја серија има разновидни специјализирани решенија за чистење, како што се Spray Spinning Sweepers, Clean Stations и различни конфигурации на четки, овозможувајќи им на потрошувачите да изберат идеална правосмукалка за уникатните потреби на нивниот дом.

###

За Samsung Electronics

Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, носивите уреди, таблетите, апаратите за домаќинство, мрежните системи и меморија, LSI системите, полуспроводниците и LED решенија и обезбедува беспрекорно поврзано искуство низ својот SmartThings екосистем и отворената соработка со партнерите. Најнови вести на Samsung Newsroom: http://news.samsung.com/mk/.


[1]Споредено со Samsung VS9700. Тежина на рачниот дел: Bespoke AI Jet Lite 1.45 кг спроти VS9700 1.89 кг. Bespoke AI Jet Lite со Slim LED Brush+ = 2.49 кг, а Bespoke AI Jet Lite со Jet Dual Brush+ = 2.7 кг, додека VS9700 = 3.17 кг кога користи Active Dual Brush за чистење на подови.

[2]Bespoke AI Jet Lite мотор = 115g, VS9000 мотор = 205g, VS9700 мотор =150g.

[3]Според тестирањето на SLG Prüf- und Zertifizierungs GmbH, во согласност со стандардот IEC 62885-4 Cl.5.8. Измерено на влезот на немоторизираниот инструмент кога резервоарот за прашина е празен, при користење на Jet Mode и батерија со доволен капацитет која е целосно наполнета. Резултатите може да варираат во зависност од реалните услови на користење.

[4]Ажурираните функции на AI Cleaning Mode 2.0 можат да се активираат по регистрацијата на правосмукалката на апликацијата SmartThings која е достапна за Android и iOS, и кога е вклучен Wi-Fi. Работата на AI Cleaning Mode 2.0 може да биде ограничена во одредени средини, како што се кога All-in-one Clean станицата е исклучена од струја, Wi-Fi е исклучен или нестабилен, или Bluetooth врската помеѓу правосмукалката и All-in-one Clean станицата е нестабилна. Во такви случаи, AI Mode работи ограничено. Ако AI Cleaning Mode 2.0 не функционира често, ве молиме преместете ја All-in-one Clean станицата на простор без пречки во близина. За да се овозможат континуирани ажурирања на функциите, секогаш држете го Wi-Fi во домот вклучен. Потребна е Samsung сметка.

[5]Способноста за идентификување на различни средини за чистење и времето потребно за промена на поставките може да биде под влијание на условите во околината.

[6]AI Cleaning Mode 1.0 препознава 4 услови за користење, вклучувајќи тврд под, тепих, подлога и подигање (движење). AI Cleaning Mode 2.0 со Slim LED Brush+ ги препознава ќошињата, како и овие 4 услови за користење, додека AI Cleaning Mode 2.0 со новиот Jet Dual Brush+ препознава 4 типа на подови: тврд под, подигнати површини и теписи со долги и кратки влакна. Способноста за идентификување на различни средини за чистење и времето потребно за промена на поставките може да биде под влијание на условите во околината. Детекцијата на ќошиња работи само во средини со тврд под. „Ќошиња“ се областите каде што се среќаваат две рамни и затворени ѕидови. Моќта на вшмукување се зголемува околу 2-3.5 секунди по притискањето на четката на ѕидот. Ако четката е во контак само со една страна на ќошето или ако има празнина во истото, тоа може да не биде препознаено како ќоше, а точноста на препознавање и брзината на реакција можат да варираат во зависност од обликот на ѕидовите и реалната средина за користење.

[7]На основа на внатрешни тестирања при користење на Jet Dual Brush+, според глобалниот просечен сооднос на составот на подот – дрвен под 76% и тепих 24% – се постигнуваат исти перформанси при чистење како во Mid режимот, со разлика во ефикасноста на чистењето од 2% или помалку, согласно со стандардот IEC 62885-2 Cl. 5.1 и 5.4. Потрошувачката на батерија беше измерена врз основа на реалната количина на енергија потрошена при користење на правосмукалката за 35 минути од целосно наполнета батерија. Маневрирањето се базира на реално измерената вредност во согласност со стандардот IEC 62885-2 Cl. 7.3.9. Во просек, маневрирањето се зголемува за 8% во споредба со Mid режимот. Резултатите може да варираат во зависност од реалните услови за користење. Ефектот може да биде различен при користење на Slim LED Brush+.

[8]Се однесува на честички прашина со големина од 0.3µm или поголеми.

[9]Според тестирањето од SGS-IBR Laboratories, во согласност со стандардот ASTM F3150, при користење на Jet Mode. Резултатите може да варираат во зависност од реалните услови на користење.

[10]По чистењето, целосно исушете го филтерот за ситна прашина повеќе од 24 часа во сенка пред да го користите.

[11]Според тестирањето на SLG Prüf- und Zertifizierungs GmbH, во согласност со стандардот IEC 62885-2 Cl. 5.14. Резултатите може да варираат во зависност од реалните услови на користење.

[12]Според внатрешни тестирања при користење на различни типови прашина. Резултатите може да варираат во зависност од реалните услови на користење.

[13]Според тестирањето на SLG Prüf- und Zertifizierungs GmbH, во согласност со стандардот IEC 62885-4 Cl.5.8, при користење на рачна правосмукалка (без четка) во Jet режим. Резултатите беа споредени со безжични stickправосмукалки на пазарот со наведена моќ на вшмукување која е во опсег од 30% од реалната моќ на вшмукување на Samsung моделот тестиран од SLG. Според податоците за продажба од јануари 2024 до декември 2024, собрани од независен институт за пазарни истражувања.

[14]Според тестирањето на SLG Prüf- und Zertifizierungs GmbH, во согласност со стандардот IEC 62885-4 Cl.5.8. Измерено на влезот на немоторизираниот инструмент кога резервоарот за прашина е празен, при користење на Jet Mode и батерија со голем капацитет која е целосно наполнета. Трае до 1 минута. Резултатите може да варираат во зависност од реалните услови на користење.

ПР објава

Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: