Бака Прасе очајно го нападна Јутјуб: Ме саботираат и губам пари! Таму работи некој кој ме мрази!
Познатиот Јутјубер повторно „удри“ по Јутјуб, велејќи дека овој пат наводно некој го саботира...
Бака Прасе, популарниот, но проблематичен Јутјубер од Србија, кој има два милиони следбеници, повотрно драмеше во едно од своите видеа.
Откако тврдеше дека Јутјуб го тргнал од т.н. категорија „трендинг“, Бака Прасе сега тврди дека некој во Јутјуб системот го саботира и дека тој некој очигледно го мрази.
Во видеото, кое самиот си го нарече „Најголема драма досега“, Бака Прасе изнесува детали, кои како што тврди укажуваат на тоа дека некој го саботира.
„Дојдов до докази дека Јутјуб мене ме саботира. Јутјуб има некои вработени кои работат и веројатно имаат вработени од Балканот за да ги проверуваат видеата, бидејќи како Јутјубер ти имаш опција да побараш човекова проверка кога видеото ќе ти добие жолта монетизација. Значи некои вработени во Јутјуб мора да го прегледаат моето видео и да видат дали е погоден за монетизација“ - објасни Богдан.
„Некој ме мрази, ликот ме мрази двесте на час. Живеам од кикириките од Јутјуб. Не ме сфаќајте погрешно, заработувам пари од други работи. Но, од Јутјуб, за моите 40 милиони следбеници, добивам кикирики“ - вели луто српскиот јутјубер.
Во видеото во продолжение погледнете го целото видео на јутјуберот: