Бака Прасе побегна од Србија: Јутјуберот откри дека се плаши да не го убијат, па се огласи од граничниот премин (ФОТО)

Бака Прасе побегна од Србија: Јутјуберот откри дека се плаши да не го убијат, па се огласи од граничниот премин (ФОТО)

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Веќе со денови трае медиумската војна на сопственикот на телевизијата „Пинк“, Жељко Митровиќ и јутјуберот Бака Прасе, а судејќи по сѐ, крајот не е ни блиску...

Јутјуберот Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе ги извести следбениците дека ја напуштил државата заради тоа што стравува за својот живот по конфликтот со Жељко Митровиќ. 

Веќе со денови трае медиумската војна на сопственикот на телевизијата „Пинк“, Жељко Митровиќ и Бака Прасе, а судејќи по сѐ, крајот не е ни блиску.

До конфликтот дојде кога Богдан го обвини Жељко дека му должи пари, што се испостави како невистина, и дека Илиќ всушност му должи на Митровиќ.

Жељко веднаш му одговори и најави документарен филм за криминалните работи на Богдан, а сега јутјуберот одлучи да ја напушти земјата.

„Бегам од државата пред човекот со мрсна коса да испрати платен убиец (атентатор)“ - напиша Бака Прасе во описот на своето Инстаграм стори.

Меѓутоа, многумина се посомневаа дека јутјуберот побегнал поради тоа што се плашел за својот живот.

Веднаш почнаа шпекулациите дека сака да ја напушти Србија пред документарниот филм, чија премиера е најавена за во четврток, за по неговото имитување да не може полицијата да го уапси.

Инаку, Бака Прасе во неколку свои објави на социјалните мрежи се обиде јавно да удри по синот на директорот на „Пинк“ и ја спомена несреќата во која настрада Андреа Бојаниќ.

Митровиќ одлучи да не дозволи да се шират мислења без докази, па објави ново видео на Твитер.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: