Балканот ја запозна на „Ѕвездичките на Пинк“, а беше на аудиција и за „Ѕвездите на Гранд“: Антониа Гиговска пред 6 години го воодушеви Саша Поповиќ? (ВИДЕО)
Го освои Балканот со првото појавување на сцена...
Нашата млада пејачка Антониа Гиговска благодарение на музичкото натпреварување „Ѕвездичките на Пинк“ го освои регионот. Таа беше дел од суперфиналето на втората сезона од ова натпреварување, по што се појави на бројни фестивали ширум Европа на кои редовно ги освојуваше главните награди. Освен во регуларната втора сезона, Антониа својот музички напредок и вокални способности ги покажа и во сезоната „Ѕвездичките на Пинк ALL STARS“, каде победата за малку ѝ се лизна од раце и заврши како второпласирана.
Но, знаевте ли дека пред првата година да се појави на „Пинк“, Антониа добила можност и да се натпреварува и во „Ѕвездите на Гранд“? Да, добро прочитавте, во 2015 година, нашата пејачка била на аудициите за двете музички натпреварања.
Освен што ги освоила сите на аудицијата за „Ѕвездичките на Пинк“, Антониа таа 2015 година не го оставила рамнодушен ниту Саша Поповиќ, кој долги години е на чело на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“. Имено, тој тогаш без никакво размислување ѝ дал зелено светло за својот талент да го покаже и на големата сцена на „Гранд“, но сепак, до тоа не дошло. Причината за тоа е што Антониа сепак одлучила да се натпреварува на „Пинк“ и во нивното музичкото натпреварување да ги покаже своите вокални способности.
На социјалните мрежи постои видео од аудицијата која во 2015 година ја правеше Саша Поповиќ во Македонија, а доколку не се сеќавате или не сте го погледнале настапот на Антониа, тоа може да го погледнете во продолжение:
фото: Принтскрин / Инстаграм