Барала од својата 18-годишна ќерка да потпише договор дека ќе ѝ плаќа станарина: Сите ја осудуваат оваа мајка (ВИДЕО)

Барала од својата 18-годишна ќерка да потпише договор дека ќе ѝ плаќа станарина: Сите ја осудуваат оваа мајка (ВИДЕО)

Објавена во: Совети // Семејство

Како би реагирал/а ти доколку твоите родители го побараат ова од тебе?

Својот родителски метод го опишала како добра подготовка за животот и начин на кој својата ќерка ќе ја научи на нешто, но речиси никој друг не се сложил со неа. Во коментари доби еден тон омраза.

Некои родители имаат многу строги методи, кога е воспитувањето во прашање, а оваа мајка е една од нив. Со сите споделила една од работите кои ги вовела во воспитувањето на својата ќерка и за која смета дека е многу важна. Штом го завршила средното училиште, мајката составила договор кој барала да биде потпишан од нејзината ќерка. Станува збор за договор за продолжување на живеењето во семејниот дом. Доколку не се отсели и остане дома по завршувањето на средното образование, ќе мора секој месец да плаќа станарина од 100 долари. Мајката сето тоа го снимила и објавила, бидејќи била горда на својот метод.

Објаснила дека сака своето дете да го подготви за реалниот свет, бидејќи завршила училиште и сега е полнолетна, и дека мора да застане на свои нозе. Ништо друго не мора да плаќа, храна, сметка за мобилниот, ништо, туку само месечна станарина. Но, скоро никој друг не се согласува со неа дека ова е добра идеја.

@c_d_g Rent a room#droppinbytoshowlove #daughter #mother #18 #leaseagreement #setupforsuccess #softplacetofall #saftynet #stayinhome #myhouse #myhousemyrules It's The Hard Knock Life - Annie Movie

Многу луѓе во коментари се согласни со тоа дека ова е вистински начин како да се влијае на тоа ќерката што порано да се отсели од дома и да го прекине секој контакт со мајката. Една личност дури напиша дека нејзините родители ѝ го направиле тоа и дека сега повеќе не зборуваат и немаат никаков контакт. Многумина мислат дека ова не е начин на кој ѝ помагаат да се подготви во животот, туку обратно. Би требало да ѝ помогнеш да заштеди пари додека живее дома. Секој кој искоментира нешто, а чии родители го користеле овој метод, денес или повеќе не зборуваат со нив или го паметат тоа како нешто лошо. Како би изреагирал/а ти, доколку твоите родители побараат од тебе да плаќаш станарина, ако останеш да живееш со нив по завршувањето на средното училиште?

фото: Принтскрин / ТикТок

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: