Барање дозвола за одење во тоалет или учење странски јазик што подоцна не го знаете: 30 работи кои се апсолутно непотребни по завршувањето на средното образование
Само присетувањето на овие работи предизвикува некое чудно чувство...
Многу не сакаат да го признаат тоа, но средното училиште дефинитивно бил еден од најдобрите периоди во животот на секоја личност. Има некои на кои навистина не им бил, но е фасцинантно како тогаш некои работи ни биле потполно нормални, додека денес дефинитивно не се.
Во средно училиште сме биле млади, па не сме ги доживува сериозно некои рбаоти. Но, некои ситуации и работи навистина биле луди, а сме ги сметале за нормални. Уште полошо е тоа што тие ситуации им се случиле апсолутно на сите и ги има во секое средно училиште, а не само во едно. Освен тоа, и на професорите овие работи исто така им се потполно нормални, бидејќи тоа сепак е средно училиште, но очигледно е дека тогаш тоа било потполно нормално, но по завршувањето на средното образование дефинитивно не е.
# Обилен оброк за време на големиот одмор во 10 часот наутро.
# Трчање на физичко образование и потоа веднаш се оди на следниот час.
# Тоа што некои на училиште оделе во 7 часот наутро.
# Носењето на кратки здолништа и фустан за ноќните забави среде зима.
# Зборување за сериозни теми во утринската смена, на само половина час откако сме се разбудиле.
# Препишување на сто слајдови дневно по секој предмет.
# Тепачките на момците кои воопшто немале причина, ниту повод за тоа.
# Прекраток голем одмор во кој сепак сме постигнувале сѐ.
# Девојки кои константно озборувале, се карале и правеле непотребни драми.
# Пишување на белешки на мини парчиња хартија што воопшто не ни помогнале.
# Обележување предмети на кои ништо не сме направиле, а ниту надвор не сме направиле ништо конкретно или корисно.
# Учење на три јазици од кои знаеме само еден, а другите како да не сме ги слушнале.
# Седење на валканите подови пред училницата, бидејќи немало секаде столчиња и клупи.
# Купување на учебници кои скоро никогаш не сме ги користиле.
# Навикнвуање на фактот дека никогаш нема хартија во училишниот тоалет, а би требало да има.
# Пишување на есеј од 500 зборови со рака во рок од 45 минути (и помалку).
# Секојдневни разговори со пријателите од калс за различни теми, иако апсолутно секој ден сме биле заедно.
# Ѕидните часовници во училниците на кои никогаш не им се менувале батериите, туку само со месеци стоеле како украс.
# Барање дозвола од професорот за во тоалет, а во прашање е нормална човекова потреба.
# Изведување на глупости штом професорот ќе излезе надвор од училницата за време на часот.
# Уништување на училишниот прибор кој родителите ни го купувале и потоа сме биле без него.
# Задолжително натпреварување кога на часот се игра некој квиз или се прави групен проект, а сите сме биле пријатели.
# Пишување на белешки по неколку часа, наместо за тоа време да сме учеле.
# Задржување од страна на професорот, бидејќи не сме ја довршиле лекцијата, иако веќе ѕвонело ѕвонечето за крај на часот.
# Уништени предмети низ цело училиште (вклучувајќи кваки, тоалети, прозорци и табли).
# Шминкањето на девојките, а цел ден ги гледаат само истите луѓе од класот и професорите.
# Одењето на екскурзии на кои сме патувале 5 часа во еден правец и истиот ден сме се враќале дома.
# Неудредни училишни чанти полни со хартии и белешки кои никогаш не сме ги фрлиле.
# Дежурни професори кои не следеле за време на одморот како да сме во затвор.
# Со пријателите од класот сме поминувале повеќе време, отколку со сопственото семејство.
фото: unsplash.com