Баш на нејзиниот роденден: Гудељ ја остави Анастасија без зборови и во солзи, само бебето да биде добро (ФОТО)
Анастасија во солзи
Анастасија Ражнатовиќ го прослави својот 25-ти роденден, а незаборавно изненадување ѝ приреди идниот сопруг Немања Гудељ со кој чека девојче.
Имено, Немања ја изненади Анастасија со торта на која е испишан бројот 25, шарени балони и плишани играчки. Анастасија воодушевено ја сподели фотографијата и во описот на сликата напиша „Те сакам!“, а во позадина се гледа луксузниот дом во кој ќерката на Цеца веќе некое време живее со Немања, а изгледа дека ќе остане таму во Шпанија затоа што нивното дете е на пат.
Анастасија веќе извесен период е во Шпанија, каде што ужива со своето момче. Колку се сакаат и колку е сериозна оваа врска, говори и фактот што Немања и Анастасија за неколку месеци ќе станат родители. А колку роденденката била трогната од гестот на Гудељ, кој се потрудил да ја изненади, раскажуваат солзите на Анастасија Ражнатовиќ.
Извор: ekskluziv.rs