Басти првпат стапна на македонско тло: Со преслатко видео доктор Горан откри дека конечно го донел синот во Македонија

Басти првпат стапна на македонско тло: Со преслатко видео доктор Горан откри дека конечно го донел синот во Македонија

Објавена во: Совети // Семејство

Сите кои се активни на Инстаграм, сигурно барем еднаш имаат налетано на Инстаграм профилот на доктор Горан. Доктор Горан Трајковски од Скопје е специјализант по стручна медицина во Баварија, со осврт на интензивна нега, ургентен центар, кардиологија, гастроентерологија и палијативна него.

На својот Инстаграм профил често споделува совети поврзани со здравјето, а таму има скоро 50.000 следбеници, кои со нетрпение ја очекуваат секоја негова објава, стори или пак вклучување во живо.

Овој пат, тој сподели едно видео со неговиот син Себастиан (Басти, како што тој нагалено го вика), со кое ги разнежи следбениците. Имено, тој и Басти најпрво позираат на аеродромот во Нирнберг, за потоа да се префрлат на аеродромот во Скопје.

„Добро те најдовме Македонијо! Себастиан прв пат стапна на македонско тло.“ - покрај видеото напиша доктор Горан.


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: