Беа најубавата двојка на Инстаграм, сите им се воодушевуваа: Зад магичните фотки се криела страшна вистина

Беа најубавата двојка на Инстаграм, сите им се воодушевуваа: Зад магичните фотки се криела страшна вистина

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Алексис Рен и Џеј Алварез беа една од омилените двојки на социјалните мрежи со илјадници следбеници, но во нивниот однос не било сѐ како што изгледало на фотографиите...

Американската манекенка Алексис Рен (25) и моделот Џеј Алварез (26) беа во врска две години и ја носеа титулата најубава двојка на Инстаграм, а нивните магични фотографии од патувањата низ светот ги воодушевуваа корисниците на социјалните мрежи.

Меѓутоа, малку кој ја знае страшната тајна која се криела зад нивната наизглед хармонична врска.

Имено, Алексис откри дека врската со колегата им била токсична и дека тој ја злоставувал и физички и психички, пред да стават крај на истата.

„Беше манипулативен и суров“ - кажа Алексис во подкастот „Call Her Daddy“.

Исто така, таа откри дека Џеј зад нејзиниот грб и без нејзино знаење, во договорите навел дека процент од нејзината заработка ќе оди кај него, поради што била приморана на суд да се бори за своите пари.

фото: Profimedia

„Нашата врска на почетокот беше неверојатна. Мислам дека ме сакаше и дека во почетокот сѐ беше вистинско. Ми изгледаше дека е многу поврзан со природата, секогаш зборуваше за љубовта. А, потоа кога навистина се запознавме, сфатив дека и на двајцата мајките ни починале од рак. Тоа дополнително нѐ поврза и мислев дека навистина ме разбира. Но, како што пристигнуваа парите, работите се променија. Кога работата стана поголема од нашата врска, сѐ стануваше полошо“ - кажа.

Како откри самата, чувствувала голем притисок да биде совршена за да ги исполни учекувањата кои ги имале обожавателите, но и нејзиниот партнер.

„Морав да бидам сигурно дека сум најдобра девојка, дека можам да бидам совршена за него и да ги правам сите тие работи, бидејќи никој нема да ме сака доколку не ги направам. Имав чувство дека немаше да му се допаднам ако не сум таква. Се сеќавам дека секое утро станував многу порано од него за да се нашминкам и да изгледам добро“.

Алексис тврди дека манипулирањето продолжило и по раскинувањето на двегодишната врска.

„Продолжи да договора заеднички проекти. Во сето тоа беше вклучен и нашиот менаџер, мајсторот за манипулации“.

фото: Profimedia

Инаку, атрактивната Алексис е родена во Санта Моника, но има српски корени. Имено, дедото на нејзината мајка бил Србин, така што Алексис има балкански корени.

Џеј Алварез во 2017 година се појави во медиумите со видеото на кое извлекува девојка која се лизнала од карпа.

„Падна на карпа, околу три метри пониско. Ништо не скрши, но ги повреди стапалата и грбот. Веднаш отидовме во болница, неколку дена не можеше да оди, но на крајот сѐ се заврши добро“ - раскажа тогаш тој, по бројните критики.

Во 2019 година објави гола фотографија од неговата тогаш девојка, Валентина Фрадеградо и со тоа повторно ги разбесни луѓето.

насловна: Инстаграм

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: