Бебе за прв пат го слуша гласот на мајка си со помош на слушен апарат: Трогателен момент што целото семејство го чекаше (ВИДЕО)

Бебе за прв пат го слуша гласот на мајка си со помош на слушен апарат: Трогателен момент што целото семејство го чекаше (ВИДЕО)

Објавена во: Совети // Семејство

Мајка преку видео ја сподели реакцијата на нејзиниот син кога прв пат го слушнал нејзиниот глас...

Напредокот во слушните помагала и другите уреди овозможи дури и бебињата со оштетен слух да го слушнат гласот на своите родители. Кај Алби Колинс, кој има три месеци, беше заклучено дека има умерено губење на слухот на двете уши. Неговите родители, Ејми и Метју, донеле одлука да му дадат на бебето специјализиран слушен апарат за да го развие неговото сетило за слух и говор.

Воодушевувачко видео објавено од неговата мајка на својот TikTok покажува како изгледало кога малиот Алби го слушнал нејзиниот глас за прв пат.

Срцепарателната снимка покажува дека Алби, кој ја има истата состојба како нејзиниот татко Метју, се насмевнува додека гледа во очите на Ејми.

-Здраво убавино! Здраво убаво момче. Дали си ти прекрасно бебе? Ја слушаш ли мама? Кажи „мама“ беа првите зборови што Алби можеше да ги слушне.

@amyjadecollinsx My baby boy getting his hearing aids fitted for the first time. He failed his newborn hearing screening and was diagnosed with mild-moderate hearing loss, just like his Daddy Here he is listening to Mummy’s voice clearly for the first time #hearingloss #hearingaids #hearingimpaired #babiesoftiktok #baby #babyhearingaids #babyhearingloss #fyp #foryoupage #mumofboys #loveofmylife original sound - Amy Collins

Мајката го сподели посебниот момент кога нејзиниот син реагираше на нејзиниот глас, и објасни што му претходело.

- Најпрво падна на скрининг тестот за слух кај новороденчиња во болница, па беше упатен на аудиологија за понатамошна истрага. Лекарите советуваа да носи слушни помагала уште од најмала возраст за да нема потешкотии со говорот и јазикот кога ќе порасне. Татко му го има истото губење на слухот што му беше откриено кога тој беше во основно училиште, па веројатно тоа е поради генетиката - рекла мајката и продолжила:

- Мојот сопруг и јас бевме пресреќни што го видовме насмеан додека ги впива сите нови звуци. Ваква трогателна реакција нас не остави воодушени – ги пренесува „Дејли мејл“ зборовите на мајката.

Гледачите на видеото се почувствувале емотивно додека го гледале Алби како јасно го слуша гласот на неговата мајка за прв пат.

„Најслаткото нешто што сум го видел денес, се најдобро. Прекрасен е“, „Апсолутно убаво мало човече“, „Нека е жив и здрав“, беа дел од коментарите под видеото.

Губење на слухот кај бебињата

Според NHS, може да биде тешко да се забележи губење на слухот кај бебињата. Тоа може да влијае и на неговиот развој на говорот и напредок во училиште.

Едно до две бебиња од секои 1.000 се раѓаат со трајно губење на слухот на едното или двете уши.

На бебињата може да им се понуди тест за слух пред да бидат отпуштени од породилното одделение. Тестот треба да се направи во првите четири до пет недели, но може да се направи до тримесечна возраст.

Фото:
Извор: Оna.telegraf.rs

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: