„Бебето не можеше повеќе да чека“: Жена се породила на паркинг во познат ресторан (ФОТО)
Аналисија Бек (25) околу 23 часот тој ден добила породилни болки додека била дома. Таа и нејзиниот сопруг Даниел повикале сосед да ги почува нивните две деца и со автомобил се упатиле кон болница. Имало силно снежно невреме, но се надевале дека навреме ќе стигнат до болницата.
Сепак, болките на Аналиси станувале се посилни и тие одлучиле да застанат на паркингот на ресотранот Мекдоналдс кој во тоа време бил затворен.
„Даниел повика брза помош, но бебето сакаше да излезе толку брзо што моето тело не можеше да чека повеќе“, изјави Аналисија за The Sun.
Се преместила на задното седиште од автомобилот и набрзо таа и нејзиниот сопруг го зедоа синот во раце, таа се породила.
„Нашиот мал Мекфлури беше премногу сладок“, рекла мајката, а момчето го добило прекарот по нивниот омилен сладолед токму од овој ресторан за брза храна. Во објавата што мајката ја споделила на својот Фејсбук профил, напиша: „Мика Даниел дојде на свет драматично во 4:12 часот на 12 јануари. Додека одевме до болницата, тој реши дека сака да застане кај Мекдоналдс. Едноставно не сакаше да се роди во болница!
Таа за своето необично породување напишала: „Беше страшно, трауматично и болно да се породам природно, без лекови/лекари и да го видидам бебето потполно сино, бидејќи тоа се случи толку брзо … Но, сега тој е добро и сè што можеме да направиме е да му се заблагодариме на Бога што нè заштити“.