Бебињата престанеле да плачат, а сите други гледале во неа: Видеото од девојчето кое во засолниште во Украина ја пее „Let it go“ го заобиколи светот
Оваа сцена ги разнежни корисниците на социјалните мрежи...
Во екот на војната во Украина, на социјалните мрежи се појави видео од девојче кое, за време на престојот во засолниште, сокриено од хаосот кој владее надвор, ја пее песната „Let it go“ од цртаниот филм „Леденото кралство“.
Имено, оваа сцена ги разнежни корисниците на социјалните мрежи и никој не остана рамнодушен на она што го виде и слушна.
Little girl singing "Let it go" in a shelter#UkraineRussianWar #Ukraine #UkraineUnderAttack pic.twitter.com/6gfcUoiwJJ
— Ankita Jain (@Ankita20200) March 6, 2022
Детаљот кој посебно го привлекува вниманието е тоа што бебињата, кои претходно плачеле, престанале откако девојчето почнало да пее.
Во војната уште патат невини луѓе, а ние се сето срце се надеваме дека ова девојче, како и секоја друга недолжна душа ќе биде добро.