Бекамови по скандалот позираа прегрнати со снаата: Нејзината модна комбинација наиде на критики кај јавноста (ФОТО)
Обожавателите на семејството Бекам не се воодушевени со тоа како изгледалa снаата на Дејвид и Викторија на средбата...
Бруклин Бекам, синот на поранешниот фудбалер Дејвид Бекам и модната дизајнерка Викторија Бекам, минатата година ѝ кажа „да“ на актерката Никола Пелц, ќерката на милијардерот Нелсон Пелц, а двојката вчера ја прослави првата годишнина од бракот.
Помина точно една година откако Пелц и Бекам се венчаа и го разнежнија светот и љубителите на модата со раскошната венчавка и елеганција.
Доколку подеднакво уживате и во озборувањата, тогаш ќе ви биде интересно дека помина една година откако дознавме дека нешто не е како што треба во ова семејство.
Веќе со месеци се зборува за нарушените односи помеѓу Бруклин и неговите родители, пред сѐ бидејќи неговата мајка Викторија и сопругата Никола не успеале да пронајдат заеднички јазик. Сепак, дизајнерката сега покажа дека младата двојка решила да ја прослави годишнината со нив.
„Толку е посебно што бевме заедно на првата годишнина од вашиот брак. Ве сакаме“ - напиша Викторија на Инстаграм со фотографија на која Дејвид и таа позираа со младенците.
На овој мал семеен портрет може да ги видиме снаата и свекрвата прегрнати и насмеани, а коментарите, очекувано, се различни. Доминираат оние негативните.
„Какви лажни насмевки, ова бил многу непријатен ден“, „Кога ја споменува оваа љубов, Викторија мисли на својот син“, „Токму ваква би се облекла за дружење со свекрвата и свекорот“, „Што облекла оваа девојка“, „Дали ѝ е толку топла за да дојде во долна облека или ѝ е толку ладно што носи чизми, не разбирам“ - се само дел од коментарите на следбениците на Викторија.
За потсетување, откако Никола се појави на својата венчавка во фустан на модната куќа „Валентино“, иако сите очекуваа дека Викторија ќе ѝ ја дизајнира венчаницата, се појавија гласини дека свекрвата и снаата не се сакаат. За да не остане само на озборувањата, се огласи саканата на Бруклин.
„Се поврзавме за да почнеме да го дизајнираме фустанот, а потоа поминаа неколку дена и не слушнав ништо. Викторија ја повика мојата мајка и ѝ кажа дека ателјето не може да ја направи“ - изјави Никола во интервју за магазинот „Grazia“.
Што мисли за сето тоа Бруклин Бекам, покажува неговата изјава за истиот магазин во која посочи дека неговата сопруга е „негов приоритет“ и дека „еден со друг се поддржуваат 100 проценти“.
Актерката истакна дека била многу возбудена што на венчаницата ќе работи со свекрвата.
„Мислев дека тоа е преубаво, дека тоа е една убава приказна“ - кажа Никола Пелц.
Викторија Бекам го игнорираше ова интервју и не искоментира ниту збор, а потоа се појавија гласините дека на Бекамови не им се допаѓало однесувањето на нивниот син откако е со Никола.
Имено, Бруклин има 100 тетоважи, од кои 70 се посветени на неговата сопруга, а меѓу нив е и името на нејзината покојна баба. На сето тоа, го додаде и нејзиното презиме, ретко се гледа со семејството, не ги поминува празниците со нив, а постојано е во куќата на семејството Пелц...
фото: Принтскрин / Инстаграм