Бен Анфлек ја тешеше ќерката на Џеј Ло, додека латино дивата уживаше во автомобилот

Бен Анфлек ја тешеше ќерката на Џеј Ло, додека латино дивата уживаше во автомобилот

Објавена во: Совети // Семејство

Познатиот актер се обидува да се зближи со децата на својата девојка...

Американскиот актер Бен Афлек е фотографиран со 13 - годишната ќерка на својата девојка Џенифер Лопез, Ема Марибел Муниз со која поминува време и се обидува да се зближи.

Имено, холивудскиот актер е фотографиран во Хемптонс, каде поминува време со својата девојка, нејзините деца и својот син Семјуел, а на новите фотографии се гледа дека ја теши Ема.

Девојчето сакало да посети една продавница, но кога стигнале пред неа веќе била затворена, па Ема се растажила, а актерот се обидувал да ја расположи.

Во автомобилот ги чекала латино дивата Џеј Ло, а потоа сите заминале во непознат правец.

Моментално најпопуларната двојка не се одвојува, а папараците ги следат во чекор. Иако изгледа дека тоа не им пречи, Бен понекогаш не е среќен што ги следат фоторепортери, а тоа беше една од главните причини поради кои ја раскинаа веридбата пред 17 години.

фото: Profimedia

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: