Беше Дизни ѕвезда, а денес е непрепознатлива: Новите фотки од Деми Ловато се доказ што може да ти направи зависноста од дрога и алкохол (ФОТО)

Беше Дизни ѕвезда, а денес е непрепознатлива: Новите фотки од Деми Ловато се доказ што може да ти направи зависноста од дрога и алкохол (ФОТО)

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Деми Ловато секогаш отворено зборуваше за нејзините ментални проблеми, а по последните посети на клиника за рехабилитација, таа целосно се промени и физички.

Деновиве, американската пејачка Деми Ловато (29) беше фотографирана како шета со пријателка во опуштено издание.

Имено, таа носеше едноставна тренерка, обична маичка, додека од љубопитните минувачи и фотографери го покри лицето со очила за сонце и капа.

Забележливо е дека Деми Ловато се здебелила неколку килограми и ја променила фризурата и дека изгледа далеку поинаку отколку на почетокот на кариерата на која сите се сеќавате.

Таа беше придружувана од телохранител, а пред само неколку дена Деми откри дека планира да ја објави документарната серија „Неидентификувани“.

Деми Ловато долго се бореше со зависноста од дрога и алкохол, а по тежок период на предозирање кога беше пронајдена во јули 2018 година без свест во нејзиниот дом во Лос Анџелес, следеше процес на лекување.

Само еден месец откако прослави шест години трезвеност, на сцената за време на концертот во март 2018 година, со диџеј Калед, Деми откри дека повторно почнала да се дрогира и да пие.

„Веќе не знам зошто сум трезна. Јас сум толку бедна. Не сум среќна. Зедов шише црвено вино таа вечер и не поминаа ниту 30 минути и веќе се јавив кај некого за кого знаев дека има дрога.“

Претходно, таа зборуваше и за депресија и нарушувања во исхраната.

Таа неодамна во документарец откри дека била силувана како тинејџерка. И кратко потоа објави дека станала небирна личност и официјално ќе ја користи заменката тие/нив.

фото:Profimedia
(Stil.Kurir.rs)


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: