Беше единствена поддршка од „Ѕвездите на Гранд“: Вики Миљковиќ откри зошто никој од колегите не присуствуваше на концертот на Марија Шерифовиќ
Истакна дека уживала во концертот на својата колешка...
Пејачката Марија Шерифовиќ вчера вечер го одржа вториот по ред концерт во Белекспо центарот, на кој присуствуваа многу нејзини колеги, меѓу кои кои се најдоа Илда Шаулиќ, Јована Пајиќ, Јована Николиќ, бројни ѕвезди од „Гранд“, но и еден член од жирото од споменатото натпреварување.
Во прашање е пејачката Вики Миљковиќ која на концертот дојде со својот сопруг, Драган Ташковиќ Ташке. Вики откри дека обожува да ги слуша песните на МАарија и дека едвај го чекала нејзиниот настап.
„Редовно доаѓам на нејзините концерти и ми недостасуваа. По две години, кога го најави концертот и кога доаѓав овде имав чувство дека крај на короната. Навистина ми беше убаво вечерва, добро се чувствувам“ - кажа Вики.
На прашањето од новинарите зошто останатите колеги од жирито на „Ѕвездите на Гранд“ не дошле на концертот, Вики кажа:
„Со Цеца денес не се слушнав, но знам дека е на Златибор, ми пишуваше, но не знам до кога е таму. Мислам дека Ѓорѓе е во Македонија, а за останатите членови од жирито не знам, не сме се слушнале и не сум известена“ - кажа таа.