Беше на прием во Белата куќа: Оливиа Родриго воодушеви со комбинацијата за оваа пригода

Беше на прием во Белата куќа: Оливиа Родриго воодушеви со комбинацијата за оваа пригода

Објавена во: Мода // Moj стил

За време на посетата на Белата куќа, Оливиа Родриго го привлече вниманието на сите присутни со својата формална комбинација во која внесе доза откаченост...

Американската актерка и пејачка Оливиа Родриго пред два дена во Белата куќа го посети американскиот претседател Џо Бајден за да ја промовира важноста на вакцината против Ковид - 19 помеѓу младите. Но, она што на сите им го привлече вниманието беше нејзиниот моден избор за таа пригода, пишува „Seventeen“.

Имено, Оливиа се појави во розов кариран комплет, кој се состоеше од здолниште и сако, кои ги искомбинира со црни чорапи и бели високи потпетици.

Обожавателите се воодушевени од овој нејзин моден избор и ја споредуваат со протагонистката од филмот „Clueless“, Шер Хоровиц, па дури и ја нарекуваат панк верзија на „Legally Blonde“, Ел Вудс.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: