Беше ненормално згоден и во екот на популарноста исчезна: Додека девојките лудуваа по него, тој ги шокираше со едно признание

Беше ненормално згоден и во екот на популарноста исчезна: Додека девојките лудуваа по него, тој ги шокираше со едно признание

Објавена во: Stars // Филм

Тејлор Лотнер денес живее мирен живот, а неодамна се врати на својата голема љубов - актерството.

Американскиот актер Тејлор Лотнер стана светска сензација откако заедно со Кристен Стјуарт и Роберт Патинсон се појави во „Самрак“ во 2008 година. Познатиот актер денес полни 30 години, а во деновите на најголемата популарност ги полнеше сите насловни страници како најголема филмска ѕвезда.

Во тоа време обожавателите многу брзо формираа два тима - тим Едвард и тим Џејкоб според нивните ликови на вампири и врколаци и Бела, која секогаш беше помеѓу нив и чија љубов и двајцата ја посакуваа.

Откако Лотнер го одглуми Џејкоб и го доживеа врвот во својата кариера, не се појавуваше во популарни филмови, а оние во кои го имаше, не резултираа со успех. Тоа, најверојатно беше и причината поради која едно време тој се повлече и уживаше во малку помирен живот.

Згодниот актер од 2018 година е во врска со Теј Дом со која често споделува фотографии на својот Инстаграм профил. Минатата година папараците го уловија на плажа со девојката, а тогаш обожавателите забележаа дека актерот се запуштил и имал некој килограм повеќе.

фото:  LENSMAN / BACKGRID / BACKGRID USA / PROFIMEDIA

Меѓутоа, фотографиите кои настанаа на снимањето на неговиот нов филм „Home Team“ ни покажуваат дека Тејлор во меѓувреме се довел во ред.

Додека го глумеше познатиот врколак Џејкоб, актерот беше навистина згоден, неговото извајано тело беше во прв план, а сега изгледа се реши да се врати во старата форма.

Холивудскиот актер во 2020 година го продаде својот дом во Калифорнија и купи вила во Агура Хилс, во изолиран дел, на еден час возење од центарот на Лос Анџелес. На новиот дом потроши 3,8 милиони долари, а изледа дека мирниот живот му годи.

Инаку, Тејлор во 2009 година го шокираше светот кога во едно интервју изјави дека планира да остане „невин“ до првата браќна ноќ. Тој тогаш кажа дека е католик и дека едноставно ја чека вистинската девојка.

Инаку, познатиот актер пред крајот на минатата година ја запроси својата долгогодишна девојка, што значи дека оваа година веќе сигурно почнале со подготовките за свадба.

Како се менуваше Тејлор во текот на годините, погледнете во продолжение:

фото: Инстаграм

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: