Беше прогласена за најлоша игра на сите времиња: Сега се врати од мртвите

Беше прогласена за најлоша игра на сите времиња: Сега се врати од мртвите

Superman 64 е видеоигра за Nintendo 64 од 1999 година, која ја имаше таа несреќа да биде прогласена за една од најлошите што биле некогаш направени. Сега „изгубената“ верзија на „Плејстејшн“ од истата видео игра се појави на Интернет.

Оригиналната Superman 64 ја направи француската компанија „Titus Interactive“, а модификацијата на „Плејстејшн“ ја направи нивната американска подружница „BlueSky Software“. Меѓутоа, „Warner Bros.“ ја повлече лиценцата која ја имаше „Titus“, па верзијата за „Плејстејшн“ се откажа, пренесува „Engadget“.

Во поопширната објава на „DeviantArt“, корисникот кој се вика Ричард Мендел пишува дека копијата од видеоиграта ја освил на аукција на eBay во 2013 година. Како што пишува, „не е во прашање копија, туку вистинското издание“.

Според Френк Цифалди, основачот на Фондацијата за историја на видеоигра, оваа верзија е осум месеци постара од демо - верзијата на истата видеоигра, која секако беше јавна. Секако, за да може да ја стартувате, потребен ви е емулатор.


Можеби ќе ве интересира: