Беше sвезда на Тикток, почина од ковид: На нејзиното последно видео од болницата се бори за воздух, за да пренесе силна порака

Беше sвезда на Тикток, почина од ковид: На нејзиното последно видео од болницата се бори за воздух, за да пренесе силна порака

Објавена во: Совети // Семејство

Меган Александра Бленкенбилер, млада sвезда на Тикток, почина на 24 август како резултат на вирусот корона, а само девет дена пред смртта го сподели своето последно видео на оваа социјална мрежа, во кое ги повика сите следбеници да се вакцинираат што е можно поскоро за да избегнат судбина слична на нејзината.

Во болницата е снимено шокантно двоминутно видео и се гледа како Меган се бори за воздух со цел да каже: „Не требаше да чекам...“. Меган не беше вакцинирана, а во последните неколку дена од животот очајно ги молеше своите придружници да се вакцинираат, пренесува порталот „Пипл“.

- Не ја примив својата доза вакцина, но не сум антиваксер... Само се обидував темелно да истражам се, се плашев и затоа ја одложував вакцинацијата. Планирав да се вакцинирам заедно со другите членови на моето семејство... Како што знаете, тешко е да се натераат сите да се согласат за нешто, особено ако некои луѓе мислат поинаку од вас. Мислам дека тоа беше грешка. Ако сте 70 проценти сигурни дека ја сакате вакцината, одете. Не чекајте, само одете! Бидејќи тоа е единствениот начин... се надевам нема да завршите во болница како мене, во ред? - вели Меган во видеото.

Оваа млада Американка од Флорида закажала термин за вакцинација, на кој планирала да отиде со нејзината мајка и двете сестри, но тоа не се случи.

Девојката која има неколку десетици илјади следбеници на Тикток, започна да го снима своето искуство со Ковид на 13 август, а само два дена подоцна започна да објавува снимки од нејзиниот болнички кревет.

„Тука сум од петок, рано наутро ... Се што слушам се лелекања и крици на луѓето...“, сподели Меган со своите следбеници пред да почине.

За „Пипл“ зборуваше и нејзината сестра Рејчел:
- Нејзиното последно видео навистина покажа која е - несебична личност која ги искористи последните денови за да им помага на другите - заклучува таа.

ВИДЕО:

@atasteofalex

**Also, Tonic Water. Nasty stuff but good for you!! Stay safe out there guys!

original sound - It’s Alex, Betch.


извор:блиц.рс

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: