Беше златната ќерка на моќниот татко пред кој светот трепереше, а сега е сѐ освен добра девојка: Кој е виновен за промената на најстарата ќерка на Барак Обама?
Ќерката на поранешниот американски претседател Барак Обама наводно има влезено во лошо друштво, а на новите фотографии е непрепознатлива. Како што се тврди, виновна е само една личност, која ѝ го скршила срцето.
За 24-годишната Малија, постарата ќерка на некогашниот претседател Барак Обама, некогаш се пишуваше само во суперлатив, а беше нарекувана и „најперспективна Американка“.
Таа прилично се промени во последните неколку години, а од примерна студетка на Харвард, која го привлекуваше вниманието со успесите на факултет и убавината, сега се претвори во девојка која се појавува на секоја забава, а во последно време го промени и имиџот. Сега, тешко кој би можел да ја замисли во Белата куќа.
Долгата коса ја има обоено во светла боја, а папараците во повеќе наврати ја имаат уловено со длабоки темни кругови под очите, во валкана облека која навистина не ѝ прилега на ќерката на поранешниот претседател на Америка и една од највлијателните личности во светот.
За потсетување, Малија студираше на Харвард, а дипломираше на пролет во 2021 година. Потоа, наводно се пресели во Лос Анџелес, бидејќи доби работи како писателка на новиот филмски проект на Амазон, предводен од актерот Доналд Гловер.
Откако стана самостојна, папараците веќе неколку пати ја имаат „уловено“ на ноќни забави, па на јавноста ѝ стана јасно дека е страствен пушач, нешто што нејзините родители не го одобруваат.
Исто така во повеќе наврати е фотографирана и со чаша во раката и во видно алкохолозирана состојба. Малија инаку е постарата ќерка која Обама ја доби со својата сопруга Мишел, познат правник. Меѓутоа, Малија во последно време не се грижи за тоа дали го одржува угледот и репутацијата на семејството, а особено на татко ѝ, кој беше претседател со два мандати - од 2009 до 2017 година.
Се пишуваше дека всушност една личност е виновна за нејзиното бунтовно однесување. Имено, во минатото, многу се пишуваше за нејзината врска со колегата од факултет - Рори Харкухарсон.
Пред 3 години Малија наводно била во врска со Рори, но на крајот љубовта пропаднала, а двојката никогаш не стигнала до олтарот. Се испоставило дека Рори ја изневерува Малија, а неговата афера е откриена благодарение на папарацо фотографите, кои го уловиле во прегратка со друга девојка.
Поранешниот претседател Барак Омана беше огорчен од начинот на кој се однесуваат кон неговата ќерка и призна дека секогаш мислел дека Малија е премногу добра можност за Роди, кој само ја вовлекувал во лошо друштво.
Иако Малија некое време по таа драма не се појавуваше во јавноста, изгледа дека не престанала да го живее животниот стил во кој Рори ја вовлекол. Таа и понатаму многу излегува, пие и се дружи со непознати момци и девојки, а каква иднина ја очекува на крајот останува да се види. Во овој момент, изгледа не се грижи за нејзиниот статус „добра девојка“.
фото: Принтскрин / Инстаграм