Бескрајно жалам што не сум сега до сестра ми: Марио Арангеловски доби нова животна улога - стана вујко
Младиот пејач Марио Арангеловски, важи за еден од изведувачите кои немаат влакна на јазикот. Секое свое мислење, став, но и важен настан во животот, без влакна на јазикот ги споделува со своите следбеници на социјалните мрежи.
Слична ситуација имаше и вчера, кога го извести светот дека станал вујко на едно момче. Имено, неговата сестра, која живее во Герминија се породила вчера, а Марио својата среќа ја сподели со обожавателите и пријателите, кои ја искористија оваа прилика и му испратија искрени честитки.
„Верувам дека повеќето од вас ни не беа запознаени со бременоста на мојата сестра, оти за тоа навистина немаше потреба, иако беше невидена радост за сите нас. Таа одамна се повлече од телевизиските екрани и веќе неколку години живее во Германија.“ - напиша младиот пејач покрај фотографијата, а потоа посочи дека му е жал што нема да може среќните вести да прослави со неговата сестра.
„Бескрајно жалам што сега не сум до неа за заедно да го славиме животот на ова мало суштество кое ги стопли срцата на целото наше семејство. Уште се немаме запознаено, а веќе го сакам... безусловно!“ – откри Марио.