„Бев келнер на 11 години!“: Искрено со Панчо од ДНК
Владимир Блажев - Панчо од дуото ДНК се потсетува на детството и на тинејџерските години и како што и самиот открива како дете бил доста немирен и палав.
„Жалам што не можете да ја прашате мајка ми повеќе ама знам дека душата ѝ ја извадив. Од секогаш бев самостоен, со оглед на тоа дека живеев само со мајка ми, а таа мораше да работи. Еднаш паметам дека ме прати по цигари, имав околу 6-7 години и бидејќи малската трафика не работеше се качив во автобус на најблиската автобуска станица и кога возачот виде дека сум сам ме одведе во првата полициска станица. Таму со полицајците си гледав цртани филмови и нормало по 2-3 часа се појави мајка ми да ме земе.“, се потсетува Панчо.
Панчо се присети и на првата хонорарна работа која ја добил во петто одделение во тогаш познатиот кафе бар CITADELA, кој се наоѓал на 50 –тина метри од неговата зграда.
„Работа ми беше да собирам полни пепелници и да ги менувам со чисти, да варам турско кафе на решо бидејќи тогаш немаше машини за еспресо и макијато. “, откри пејачот.
Како што вели како тинејџер бил голем кавалер, па во екот на популарноста на Ребека, неа и нејзината сестра Хелена ги одвел на пица. Исто така тој откри и дека им бил омилен лик на постарите во неговото маало.
„Постарите во малло ме тераа да правам се` и сешто и јас нормално ги слушав! Крадев сладолед, правав „ѕвезди“ на бината во кино Култура додека траеше проекцијата на филмот, на луѓето им подметнував секакви работи во водите за пиење и соковите...“
,,Во трета година средно заминав за САД и по завршувањето на средното училиште комплетно се сменив и бескрајно сум и` благодарен на мојата мајка која најде сретства да ме испрати на школување. Со еден збор ме спаси.“, се потсети Панчо.