Бевме на вечера, а потоа тој излезе и исчезна: Го уловила пред ресторанот во кола, а еве како реагирал тој кога ја видел
Една корисничка на ТикТок со своите следбеници ја сподели приказната за состанокот на кој била, а луѓето ѝ коментираат дека е победничка во категоријата „Најлош состанок на сите времиња“.
Имено, таа на Тиндер се допишувала со едно момче, но никако не можеле да ги усогласат распоредите за да се видат во живо. Еден ден таа отишла со пријателката во трговскиот центар во чија близина живее тој и го повикала да дојде. Тој се согласил, но инсистирал на тоа и двете да ги однесе на вечера. Девојката прво му кажала дека не треба да ја части и неа и пријателката, но на крајот се согласила и заминале во ресторан.
Момчето на влезот кажало дека го заборал паричникот во автомобилот и дека веднаш ќе се врати. Девојките го чекале полни 15 минути, а потоа одлучиле да си заминат. Го напуштиле ресторанот и го здогледале неговиот автомобил напред.
Нејзината пријателка одлучила да се соочи со него и да му пререче за тоа што ги оставил така, без објаснување, а кога се приближила до автомобилот, имала што да види.
„Ми кажа да не гледам, но јас бев премногу љубопитна. Погледнав низ прозорецот и го видов него, потполно гол, со друга девојка. Воопшто не му беше непријатно, само го отвори прозорецот и ме праша дали сум за тројка.“
Малку е да се каже дека биле шокирани, но како што пренесува „The Sun“, се свртеле и си заминале без коментар.