Биба Додева е позитивна на ковид-19: Објави фотографии кои ја прикажуваат тажната реалност
Биба Додева завчера објави дека е позитивна на ковид-19 со фотографии кои никого не оставаат рамнодушен.
На нив ја гледaме Биба како го „гали“ и си зборува со внукот Александар, од ќерката Емануела, преку стаклото од прозорецот.
За жал, ова е тажната слика која ја создаде новата нормалност, и релност која ја живеат луѓето ширум светот, оттуѓувајќи се од најблиските, од најсаканите поради вирусот кој демнее.
„Време на КОВИД 19.
Дај Боже да помине поскоро“ - болат овие зборови, а уште повеќе болат фотографиите кои Биба Додева ги сподели на нејзиниот Инстаграм профил и, даде до знаење дека е позитивна на коронавирусот.