Бидете сам свој мастор: Три идеални фризури за есен, една особено ќе ве воодушеви
Кај изборот на фризура во есенските месеци главно барање е едноставноста поради што ја поврзуваме со оние фризури кои бараат косата да е или максимално подигната или сплетена, за да не ја издува ветрот.
Помеѓу тие фризури се плетенките како еден од најчестите избори. Изгледаат прекрасно, прилично лесно се обликуваат и косата е фиксирана без разлика на тоа какво е времето.
Може да се прави на различни начини, а видеото во продолжение ви нуди едноставно упатство како самите да си направите плетенки.
Исто така, коњските опавчиња се типичен начин за соочување со деновите од есента.
Наједноставниот начин за оваа фризура е обликувањето на француски плетенки на врвот на главата.
Целиот процес трае околу 5 минути, но изгледа како да ви било потребно многу повеќе време. Колку косата ви е подолга, толку ќе изгледате поубаво.
Ако не сакате да имате плетенки на врвот на главите, можете да направите под коњското опавче/пунџата или да направите само една мала плетенка од страна на главата.
Уште една класична фирузра е пунџата, дали онаа со врзана со ластик, марама или само закачена со помош на шнола, идеална е за овој период од годината.
Полусобраната коса е исто така хит оваа сезона, а доаѓа во безброј различни варијанти. Се прави едноставно и е прикладна за многу дами, особено во овие денови.