Биди кул и шизи по дома: ДНК вечерва со онлајн концерт

Биди кул и шизи по дома: ДНК вечерва со онлајн концерт

Објавена во: Stars // Музика

Дуото ДНК, Панчо и Андреј со убави вести. Со оглед на актуелната ситуација со коронавирусот и домашната изолација, бендот одлучи да ги изненади граѓаните и да им го направи домашниот престој интересен. Денес, во 21:00 часот ќе имаат Live stream концерт. Целиот фејсбук статус, со сите детали за концертот ви ги пренесуваме во целост:

„Здраво здраво добри луѓе 
Со оглед на актуелната ситуацијата со коронавирусот знаеме дека на сите вас/нас ни е многу досадно. За таа цел заедно со нашиот бенд решивме да ве изненадиме, а воедно и да ви го направиме поинтересен домашниот престој  Утре/Понеделник со почеток во 21ч ќе направиме LIVE STREAM ( видео/аудио ) концерт од едукативно-забавен карактер и пред се во домашен амбиент, се со цел да ја подигнеме свеста на нашите сограѓани за тоа дека е најбитно во ова време да се #ОСТАНЕ_ДОМА Ќе се дружиме интерактивно ќе #ШИЗИМЕ_И_ПЕЕМЕ_ПО_ДОМА, а вие изолирајте се, следете ги препораките од министерството за здравство и напишете ни која песна сакате да ја слушнете од репертоарот на ДНК 

П.С. - ПИЈАЧКАТА НА СИТЕ ЌЕ ВИ БИДЕ ОД КУЌАТА 

Ваши Панчо и Андреј ❤️
#БИДИ_КУЛ_СЕДИ_ДОМА“

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: