Бидна тетоважата која ќе ја потсеќа на најголемиот пропуст: Тамара Тодевска ја истетовира химната
Во естрадниот магазин „Бекстејџ“ вети, а денес го исполни ветувањето. Македонската пејачка Тамара Тодевска, која веќе подолг период се соочува со лошите коментари поради изоставувањето на зборовите од македонската химна, сега реши да стави крај на тоа.
Имено, таа ги истетовира имињата на Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански, со цел да надокнади на пропустот и засекогаш да има белег на себе за овој лапсус.